ВМРО-ДПМНЕ: Наместо зголемување на платите, имаме пад за 867 денари во однос март-февруари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„Поради катастрофалните политики на криминалниот картел на власт, економијата стагнира, државата е заробена а правниот систем целосно девалвиран.

За прв пат во независна Република Македонија јавниот долг на државата ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Додека долгот вртоглаво расте, платите и стандардот на граѓаните паѓаат, а трошоците за живот се зголемуваат.

Овој криминален картел единствено што знае да работи е како енормно да ги задолжува граѓаните и државата.

Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос март – февруари. Нивото на реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7,4%, имаме 45 проценти помалку издадени дозволи за градба март оваа година во однос на март минатата година. Државата економски тоне.

Со еден збор оваа влада е најнеуспешната влада во историјата на Македонија. Овој дебакал на економски план, оваа безидејност на сите полиња мора да запре“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ