ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата од 16 илјади денари се претвори во 12 илјади денари

Од:

„СДСМ пред изборите ветуваше минимална плата од 16 илјади денари и еве гледаме дека ги измамиja граѓаните. Вчера рекоа дека ќе започнат со минималец од 12 илјади денари. Разликата од ветеното до најавеното за реализација е 4 илјади денари помалку за минимална плата.

На 26 ноември минатата година заменик претседателот на владата Радмила Шекеринска изјави” Во нашиот „План за живот во Македонија“ предвидуваме зголемување на минималната плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари.” Затворен цитат.
Зоран Заев цитирам наша цел е минимална плата од 16 илјади денари, затворен цитат.

Овие 16 илјади денари се претворија во само 12 илјади денари и ветување за скалесто зголемување.

Дополнителна лага е дека ќе давале поддршка на компаниите. Тие велат минималецот ќе се зголемел затоа што владата ќе давала поддршка на фирмите од 1 500 000 евра а наредната година тоа ќе се преполови на 750 илјади евра за компаниите. Притоа не објавија како ќе се делат тие пари. Дали тие пари ќе завршат само за подобни фирми и компании на власта на СДСМ што отвора нов сомнеж за малверзации и сомнителни зделки на владата. Граѓаните се измамени, не го добиваат она што им беше ветено“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски