ВМРО-ДПМНЕ: Минатата година е најлоша во последните 10 кога станува збор за капитални инвестиции

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во врска со реализација на капиталните инвестиции за 2018 година.

„Криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев по кој знае кој пат ја покажа својата неспособноста, неработење и расипништво. Минатата година власта на СДСМ го достигна дното во реализацијата на капитални инвестиции. Неспособната власт реализираше само катастрофални 65 проценти од планираните капитални инвестиции за 2018 година.

Бројките покажуваат дека минатата година е најлоша во последните 10 години кога станува збор реализација на капиталните инвестиции.

Економијата тоне, власта не реализира нови инфраструктурни проекти, нема изградба на нови болници, средни и основни школи, градинки, игралишта и спортски сали. Аболицираниот Заев ја запре изградбата на новите клинички центри во Скопје и во Штип. Нема ни трага ни глас од предизборните ветувања на СДСМ за изградба на 600 километри автопат, 550 километри магистрали и 1000 километри локални патишта.

Згора на се преку лаги и манипулации власта на штури прес конференции ги убедува граѓаните дека никогаш во историјата на Република Македонија не се градело повеќе. Ова е уште една лага на министерот Сугарески, која ја демантираат бројките кои самата Влада ги објави.

Парите на граѓаните наместо за проекти и инвестиции за општото добро, преку криминални тендери и грантови завршуваат во џебот на партиски и државни функционери на СДСМ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски