ВМРО-ДПМНЕ: Македонските граѓаните и фирми плаќаат најниски даноци во светот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијта на СДСМ наведува дека Република Македонија е земја со најниски даноци во светот.

– Со ефективната даночна стапка од 7.4 отсто, македонските граѓаните и фирми плаќаат најниски даноци во светот. Тоа е причина странските инвеститори да дојдат во земјава и да отворат нови работни места. Тоа е причина и домашните фирми да инвестираат и да отворат нови работни места, стои во реакцијата.

Во неа се додава дека над 130.000 работни места се отворени додека се спроведуваат економските политики на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително даночната политика, а оти над 200.000 работни места се затворени додека се спроведуваа економските политики на СДСМ.

Посочуваат дека од 2006 до 2015 година извршено е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги, намалени се стапките за придонеси за здравствено (од 9.2% на 7.3%) и пензинско (од 21.2% на 18%) осигурување како и придонесот за вработување (од 1.6% на 1.2%), воведен е рамен данок кој е воедно најнизок во Европа и изнесува 10% на данок на добивка и персонален данок, како и тоа дека е укинат данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која за разлика од СДСМ креира политики за подобрување на еднаквоста на граѓаните, истакнуваат во реакцијата.

Додаваат дека СДСМ се тие кои што ја креираа нееднаквоста во македонското општество, најпрво, наведуваат, со погрешната криминална приватизација со која што затворија над 680 фабрики и отпуштија над 200.000 граѓани кои со своите семејства беа на работ на егзистенцијата и едвај преживуваа и второ во нивно време богатите олигарси од врхушката на СДСМ не беа оданочувани и целиот товар го носеа обичните граѓани.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки