ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е силна и во најтешки времиња

Од:

„СДС веќе не знае како да го оправда прифаќањето на срамната Тиранска Платформа, па мора со лаги во своите соопштенија да ја манипулира јавноста. Тоа нема да им помине, бидејќи фактите ги демантираат.

ММФ и Светска Банка јасно истакнаа дека македонската е стабилна и покрај кризата која ја предизвика СДС. ММФ проектира за Македонија раст од 3.2%, што е повисоко и од владината проекција, а е меѓу највисоките во регионот.

Доколку ММФ и Светска Банка немаа доверба во владините политики немаше да поддржат проекти од над милијарда и пол евра плус да зборуваат за нови проекти.

Македонската економија е силна и во најтешки времиња стапката на невработеност е намалена на најниски 23.1% додека во време на СДС се исплаши на највисоки 38%. Стапката на раст е дури и висока за политичкава ситуација.

Народот веќе ги прочита манипулациите на СДС и тие не им поминуваат во јавноста“, се вели реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Катерина Ѓуровски

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше