ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.
„СДСМ манипулира со граѓаните кои гледаат дека економијата тоне, а тие се се посиромашни.
Единствени кои профитираат од економската криза во која што ја втурнаа Македонија се Заев, Анѓушев и криминалниот картел на власт кои ги шират своите бизниси.
Република Македонија стагнира, додека остатокот од Европа и регионот бележат енормен раст.
Градежништвото паѓа, како и 20 пропратни гранки. Процентот на реализација на капитални инвестиции во првите 4 месеци од годинава е очајни 10.8%, а во исто време јавниот долг ја проби психолошката граница од 5 милијарди евра.
Капитални инвестиции нема, а нема ни поголеми плати, ни поголеми пензии и социјална помош. Граѓаните секојдневно живеат се полошо.
Животот дојде само за Заев и картелот кој го води.
Залудно Заев се обидува да ги покрие криминалите и корупцијата со панични и лажни соопштенија, реакции и обвинувања.
Граѓаните го прочитаа Заев и му кажаа на масовен протест што мислат и за неговото тргување со националните и државни интереси.
Државата и граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.