ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е ниско задолжена земја со умерен буџетски дефицит

Од:

Македонија има меѓу најниските буџетски дефицити во Европа и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Тоа е факт и тоа му пречи на СДСМ, бидејќи фактите и бројките ги побиваат приказните за грчкото сценарио кои ти се обидуваат да ги пласираат во јавноста, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

– Ако СДСМ не им верува на бројките и на фактите тогаш нека им верува на ММФ и Светската банка, кои како независни меѓународни институции, го потврдија тоа – дека Македонија е ниско задолжена земја со умерен буџетски дефицит. Повторно го прашуваме СДСМ, што имаат против пензионерите па се контра исплатата на покачувањето на нивните пензии? Дури беа тие на власт им кратеа од пензиите и доцнеа со исплатата, па сега повторно се обидуваат преку интриги околу ребалансот да ја спречат исплатата на покачувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ имала бледи резултати во време на економски бум во светот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Андоновска спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Лефков: Илире Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата

Катерина Ѓуровски