ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата

Од:

На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.

Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата