ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на фабрика на компанијата „Дура аутомотив системс“ е потврда за успешните политики на минатата влада

Од:

„Отпочнувањето на изградбата на новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” во економската зона „Бунарџик 2“ е само уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат.

Благодарение на создавањето на одличните услови од страна на економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ првичните контакти на економскиот тим со американската компанија се остварени уште пред повеќе од 5 години.

Врз база на претходно извршени анализи побарани се и доставени податоци и поволности до американската компанија за инвестирање во Република Македонија и во континуитет се одржуваше контакти и соработка изминативе години.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека економската политика на странски инвестиции што ја промовираше насекаде во светот се покажа и повеќе од успешна, а резултат на тоа се десетици странски инвестиции и над 170.000 нови работни места во изминативе 12 години.

На американската компанија „Дура аутомотив системс” им посакуваме успешна работа и поголеми инвестиции во иднина“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад