ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

Од:

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните. Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20% велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја. Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти. Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот. За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права. Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, изборите се единствено решение се вели вво соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ