ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ станува фирма за перење пари и матни тендери на пријателите на Заев и Анѓушев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Драган Миновски.

„ЕЛЕМ станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и вицепремиерот Анѓушев.

Манипулативните напади насочени кон претходните раководни лица, објавени на денешната прес конференција се само обид да се избега од реалните скандали на владата на СДС.

ЕЛЕМ е компанијата која намести тендер и од кој требаше да се офајди фирмата на вицепремиерот Анѓушев во износ од 2.6 милиони евра.

ЕЛЕМ е компанијата која поништи легален тендер за РЕК Битола со која требаше на долг рок да ги намали трошоците за ископ на јаглен и со сопствени средства да обезбедува ископ, нешто што не му одговара на актуелното раководство.

Општо познато е дека ЕЛЕМ е раководено од мешетарот советник на Заев, Обрадовиќ, со единствена задача да ја приватизира оваа компанија со што ќе се разниша енергетската стабилност на Македонија и ќе поскапи струјата.

Денешниот прес на ЕЛЕМ преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што стана сопственик на цела една фабрика „Герас Цунев“ по цена колку една гарсониера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС

Горан Наумовски