ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами Заев – Анѓушев – Тевдовски мора да одговара за економскиот пустош

Од:

„Безидејноста на СДСМ достигнува галопирачки размери. Тие како и што предвидовме постојано живеат во минатото, затоа што немаат никакви мерки во сегашноста и не мислат за иднината. За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ има конкретни решенија за подобар живот за граѓаните.

Граѓаните живеат се посиромашно. Македонија секојдневно се ограбува, а на здрави нозе стојат само фирмите на Заеви и Анѓушев. СДСМ не работи ништо за граѓаните, туку за фирмите на картелот, кои откако СДСМ е на власт влегуваат во милионски бизниси со марихуана, купуваат индустриски гиганти и се јавуваат како изведувачи на државни тендери.

Секогаш кога се фатени во тесно како на грамофонска плоча се служат со истите лаги и манипулации и ја враќаат државата кон минатото.

Неспорен факт е што додека сите земји од регионот и Европа одат напред, Македонија назадува. СДСМ ја закова државата на дното по економски раст, а сите движечки сектори имаат минимален раст кој се движи околу 0 %.

СДСМ не знае како, нема план, а економското цунами Заев – Анѓушев – Тевдовски мора да одговара за економскиот пустош“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ