ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонската влада на Ковачевски троши 100.000 евра на ден за Саем за да го нема зборот Македонија и македонски

Од:

„Антимакедонската влада на Ковачевски троши 100.000 евра на ден за Саем за да го нема зборот Македонија и македонски. 100.000 евра на ден ги чини граѓаните Саемот на Ковачевски со кој се плаќа осмислување на промоција, а притоа со наредба да нема национално лого“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За 100.000 евра на ден задача да ја брише Македонија и македонски од производите има агенцијата Рејтинг, омилена агенција на антимакедонската СДС.

Дали покрај за бришење на Македонија и македонски, Рејтинг добива стотици илјади евра и за анкетите кои ги нарачува СДС, а кои имаат за цел да го поддржат Ковачевски пред и оние малку подржувачи кои му останаа?

И додека регионот и светот не знае како ќе се преживее зимата, антимакедонската СДС се расфрла стотици илјади евра. Тоа е доволен показател за забеганоста на власта. И уште една во низата причини зошто треба да си замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Андоновска спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Лефков: Илире Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата

Катерина Ѓуровски