ВМРО-ДПМНЕ: АД ЕЛЕМ покажува тотално незнаење – непосредно јавно надавање како категорија не постои

Од:

„Скандалите во АД ЕЛЕМ не запираат, уште еден ден, уште еден милионски договор склучен во четири очи. Раководството на АД ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за да склучи милионски договор во 4 очи.

АД ЕЛЕМ покажува тотално незнаење непосредно јавно надавање како категорија не постои. Власта или ја погрешила постапката или има целосно непознавање од процесот на јавни набавки. Доколку не ги разбираат и основните поими тогаш се прашуваме дали воопшто постапките што ги спроведуваат се во согласност со законот?

АД ЕЛЕМ да не бега од одговори и да и каже на јавноста:

Зошто паралелно со тендерската постапка за која е објавен јавен повик се одвива постапка во четири очи?

СВ – Инвест со добиениот тендер ќе добие 197 денари за работник по час, а работниците ќе добиваат само 97 денари од час, каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која таа треба ја исплаќа по работник?

Зошто раководството на АД ЕЛЕМ најмува фирма со која РЕК Битола досега нема соработувано, а истата е регистрирана за трговија и градежништво и во делокругот на нејзиното работење не е предвидено изнајмување на работници?

Дали АД ЕЛЕМ наместо за интересите на граѓаните работи за исплаќање на долговите на СДСМ?

Уште колку вакви штетни договори склучило претпријатието и за колку милиони евра е оштетен државниот буџет?“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ