ВМРО-ДПМНЕ: 7 милиони евра за луксуз, 1,6 милиони евра за лубриканти, а само 1,5 милиони евра против загадувањето

Од:

„Криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев продолжува со расипничкото и несовесно трошење на парите на граѓаните. Во новиот најраспичнички и најмегаломански буџет во историјата на државата нема простор за потребите на граѓаните, нема простор за здравјето на граѓаните.

Власта троши милиони за луксузирање, 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милиони евра за лубриканти, а само 1,5 милиони евра за борба против загадувањето.

Аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Според Светската здравствена организација над 3 илјади животи годишно препрано згаснуваат како директен резултат на енормно загадениот воздух.

Скопје е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, а за жал го носи приматот во Европа. Енормното загадување на воздухот ги наполни клиниките, а на удар се децата, бремените жени, возрасните луѓе над 65 години и хронично болните. Загадувањето на воздухот го оштетува мозокот, а високото количество на ПМ 10 честички во воздухот предизвикуваат и респираторни и кардиоваскуларни проблеми.

Криминалниот картел на власта, потроши половина од својот мандат без да понуди едно решение за проблемот со загадениот воздух. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема простор за политиканство, власта мора веднаш да ги прифати итните мерки за борба против загадувањето. Мерките ќе ја подобрат состојбата со амбиенталниот воздух, овие мерки ќе спасат 100-тици ако не и илјадници животи. Крајно време е власта да почне да ги решава проблемите на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати