ВМРО-ДПМНЕ: 22% од граѓаните едвај преживуваат, 7% од пензионерите се на раб на егзистенција

Од:

„СДСМ и Зоран Заев ги осиромашија граѓаните. 22% од граѓаните едвај преживуваат. 7% од пензионерите се на раб на егзистенција. Секој 5 човек во Македонија под власта на Заев не знае како да го преживее месецот.

Околу 500.000 граѓани не можат да си ги задоволат ниту основните човекови потреби.

Поради сиромаштијата граѓаните ја напуштаат државата и заминуваат на работа во странство. Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата.

Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е се полоша. Зоран Заев потроши три години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети.

Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот