Владина програма за поддршка на општините од 275 милиони денари

Од:

Со средства во висина од околу 4,5 милиони евра или за два и пол пати повеќе од лани, Владата годинава ќе го поддржи развојот на јавната инфраструктура во руралните средини, обновата и развојот на селата и зачувувањето и унапредувањето на традиционалните вредности во руралните средини.

Зголемувањето на средствата, како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, се должи на големиот интерес на општините за поддршка на вакви проекти и на континуираните напори на Владата да им помогне на единиците на локалната самоуправа и да ги подобри условите за живот на граѓаните во руралните средини.

– Општините за добивање на средствата за проекти од оваа сфера ќе можат да аплицираат во мај, а Владата ќе покрие 100 проценти од вкупната вредност на проектот. Максималниот износ на проектите со кои една општина ќе може да аплицира за овие средства не треба да биде повисок од 20 милиони денари, истакна Ѓорѓиев.

Корисници на средствата можат да бидат општините на чија територија се наоѓа руралното населено место. Тие по одобрување на средствата ќе можат да добијат аванс  во висина од 20 проценти од вкупната вредност на проектот за отпочнување на работите, а потоа на рати да им се исплаќаат останатите средства по завршени фази на градба.

За развој на јавната инфраструктура во рурална средина општините можат да аплицираат за инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе села во должина од 5 киломери, и за поврзување села со регионален пат или град во должина од 7 километри, за телекомуникациски инфраструктура, за водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители, за изградба или реконструкција на зелени или сточни пазари, како и за проекти за изградба на детски, младински центри, пензинерски клубови или културни домови во селата.

За обнова и развој на селата се планирани средства за поддршка на изработка на урбанистички планови, изградба и реконструкција на улици во селата, и за изградба или реконструкција на плоштади зелени површини и шеталишта во рурални средини до 30 илјади жители.

Владата ќе даде и финансика поддршка за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралините подрачја, преку помош за инвестиции во локални патишта за поврзување на населени места, означување на културни и природни знаменитости во рурални средини, одбележување и унапредување планинарски и велосипедски патеки и уредување излетнички места во рурални средини.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик