Владата се задолжува со нови 36 милиони евра

Од:

Министерството за финансии денеска планира да се задолжи со 36 милиони евра. Планирано е овие пари да се обезбедат преку две одделни аукции на шестмесечни и годишни записи, објави Плусинфо.

Интересно е што во календарот за домашно задолжување преку хартии од вредност, нема предвидено отплата на доспеани записи од предходниот период, што пак се толкува дека парите ќе завршат во Буџетот.

Буџетскиот дефицит, кој се финансира преку овие записи, во првиот квартал од годината достигна над 185 милиони евра, што е 64,5 отсто од планираниот дефицит за цела година.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами