Владата денеска се задолжи за нови речиси 58 милиони евра. Парите ги обезбеди преку три аукции на државни записи и една петгодишна државна обврзница, објави телевизијата 24 Вести.
Оваа сума што државата ја собра за еден ден е скоро двојно поголема од најавената, што државата ја објави во проспектите – 34 милиони евра.
А веќе утре, по основ на доспеани записи во стопантсвото треба да врати скоро 33,8 милиони евра, што значи дека на владата и остануваа околу 25 милиони евра за трошење .