Владата се задолжи за нови 40 милиони евра

Од:

Министерството за финансии денеска позајми нови 40,3 милиони евра преку неколку аукции на државни записи, а веќе утре треба да врати 53,3 милиони за доспеани обврзници.

При денешната аукција каматните стапки беа намалени и до 0,35 процентни поенти, односно кај шетсмесечните записи од 3,70 на 3,40 проценти, кај едногодишните од 4,25 проценти на 3,9 проценти и кај петгодишната обврзница од 5,15 проценти на 4,9 проценти.

Инаку, од министерството како цел за денешното задолжување го посочуваат исполнувањето на барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада