ВИДЕО: Владата на Груевски потрошила 225 милиони евра за странските инвеститори

Од:

Владата за 10 години, додека премиер беше Никола Груевски, потрошила 225 милиони евра за странските инвеститори кои пак вработиле вкупно 20.000 луѓе.

Според оваа математика, еден вработен кај странските инвеститори ја чинел државата по 11.000 евра. Оваа сума е потрошена на 25 странски компании, за кои државата се откажала од 69 милиони евра за ослободување од данок и царини.

Според она што го кажа портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, не постоеле критериуми за преговарање, а со странските компании преговарале министри и советници по што документите биле класифицирани.

Поголемиот дел од вработените не се нововработени, туку се преземени од македонското стопанство.

Бошњаковски не знаеше колку е просечната плата на вработените во тие компании.

За некои компании се трошеле 1.000 евра, за некои 11.000 евра. Немало критериуми за поделба на парите.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто