Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Од:

Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.

Имајќи го предвид интересот на граѓаните истотака информираме дека, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Во август 2022 година премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби помпезно ја најавија изградбата на германската фабрика „Некст е.ГО“ која требаше да произведува автомобили на електричен погон и да отвори 900 нови работни места во ТИРЗ Тетово.

Фабриката првиот вицепремиер Артан Груби ја најави како инвестиција на домашната компанија „Еколог“ вредна 130 милиони евра, за која пак Владата два дена пред потпишувањето на договорот, одобри државна помош од околу 42,6 милиони евра која сега нема да биде реализирана.

На церемонијата во ТИРЗ Тетово присуствуваше и Лазим Дестани, татко на основачот на компанијата „Еколог Интернешнл“ , Назиф Дестани и сопственик на фудбалскиот клуб Шкендија, кој важи за близок до владеачката ДУИ.

Две недели пред потпишувањето на договорот за државна помош со македонската Влада, регистрирана е германската компанија „Некст е.ГО Мобиле“, со седиште во интернационалната компанија „Еколог Интернешнл“ во Тетово, а „А1он“ истражи како се поврзани овие две компании и како семејството Дестани стигна да гради фабрика за автомобили со државна помош.

„НД Груп“ на Назиф Дестани е мнозински сопственик во компанијата „е.ГО“ во која, според германските медиуми, инвестирале и гигантот за пневматици „Пирели“, поранешниот државен секретар за финансии на САД, Џон Сноу и американскиот актер Едвард Нортон, а заштитно лице на брендот е бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски