Владата ќе објави нов тендер за Чебрен и Галиште

Од:

За дваесетина дена треба да биде објавен нов тендер за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, сoопшти на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

– Проектот повторнo ќе се обидеме да го реализираме како јавно приватно партнерство со таа разлика што сега ќе има малку поголема флексибилност во однос на параметрите на самите електрани. Конечен став за тоа кои ќе бидат измените ќе биде донесен на седница на Влада и истите ќе бидат преточени соодветно во тендерската документација која во наредните дваесетина дена би требало да биде целосно завршена, изјави Пешевски по седницата на Комитетот за стратешки и инфраструктурни проекти.

Според него тендерот нема драстично да се разликува од претходниот во однос на концептот на јавно приватно партнерство. Флексибилност најави во однос на висината на браните со цел идниот концесионер да има можност да ја оптимализира хидроцентралата, како и во однос на поситни технички измени кои би довеле до поквалитетно решение.

Тој додаде дека Комитетот изразил задоволство од постигнатиот напредок кај речиси сите стотина стратешки и инфраструктурни проекти кои се во фаза на реализација.

На новинарско прашање за промените во раководството во МЕПСО и ЕЛЕМ, Пешевски изјави дека Влатко Чинговски за кој рече дека е исклучителен експерт во својата област ќе има нова функција но засега се очекува да остане во тимот на ЕЛЕМ. Воедно му ја честита функцијата на Дејан Бошковски кој од MEПСО преминува во елем каде ја презема функцијата на Чинговски.

Во врска со инвестициите на МЕПСО, рече дека тековната вредност на проектите на компанијата што се почнати и се во фаза на реализација е поголема од книговодствена вредност на компанијата. – Тоа значи огромна инвестициска активност. Во електроенергетската мрежа долго време не беше инвестирано или беше, но на ниво на минимално одржување. Ние сега правиме квалитатиен исчекор. Идејата ни е во наредните две до три години да ја обновиме на тоа ниво да нема веќе потреба од инвестиции во наредните 25 години. Тоа е стратегијата која ја реализираме со МЕПСО и од она што го гледаме на терен таа ќе биде целосно реализирана, рече Пешевски.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи