Визно либерализирање за привлекување туристи од дестинации од повеќе делови во светот, итни промени во законите за туризам и за угостителска дејност и носење стратегија за областа, бара Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија.
Со тоа, како што порачаа денеска на прес-конференција, ќе се искористат позитивните трендови во развојот на туризмот и интересот на странските туристи за Западен Балкан, но доколку Македонија не направи релаксирање на визниот режим ќе остане надвор од тие текови.
Здружението бара да се врати релиценцирањето на туристичките агенции, да се воведе банкарска гаранција како услов за давање лиценца, а во законот да постои и осигурување на аранжмани.
– На пазарот се појавуваат странски туристички агенции кои исполнувајќи само минимални услови кои сега важат на пазарот нанесуваат штета во работењето непочитрувајчи ги сериозно зкаоните кои важат за сите туристички агенции на пазарот, рече Даниела Михајловска Алексовска. Михајловска Алексовска.
Во Законот за угостителска дејност алармираат на непостоењето категоризација на сите угостителски објекти за ноќевање и непостоењето на категоризација на сите ресторани односно угостителски објекти за исхрана.
– На пазарот постои категоризација на хотели, мотели и пансиони, но не и на апартмани, а тие се најбрзорастечката форма на правни субјекти кои се појавија на пазарот и се нелојална конкуренција преку интернет порталите како букинг и дуги форми на продажба на аранжамни. Од над 1.200 ресторани на пазарот само 88 се категоризирани како национални, а сите други постојат во друга форма на поими кои не подлежат на категоризација. За овие форми на ресторани дури и казнените одредби не се исти, укажа Михајловска Алексовска.
Како што оцени, на стартот на нова туристичка сезона туризмот почнува повторно со истите пробеми како и минатата година и затоа е неопходно носење на стратегија за туризам, која веќе две години е во финална верзија, но не е усвоена.
Македонија на светската карта на туризмот учествува со помалку од 0,1 процент. Бројот на туристи минатата година во однос на 2016. е зголемен за 16,6 проценти, при што кај странските има пораст од 23,5 проценти, а кај домашните од 6,3 проценти. Во тој период е зголемен бројот на ноќевања за 12, 8 проценти.
Најмногу туристи има од Турција, по што следат Србија, Грција, Бугарија , Холандија.. Девизниот приход од туризмот минатата година изнесувал 326,9 милиони долари. Учеството на туризмот во Бруто домашниот производ изнесува 2,2 процента.