Визите причина за слабите туристички посети меѓу Иран и нашата земја

Од:

Визниот режим и недоволната запознаеност со туристичките капацитети се главна пречка за незадоволителната бројка на туристички посети помеѓу Иран и Северна Македонија.

Амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Керими истакна дека денешната презентација на туристичките потенцијали на Иран, е токму во функција на предизвикување интерес за зголемување на туристичката соработка, за што вели, потенцијалите се големи.

-Меѓу шест и осум милиони Иранци годишно излегуваат од земјата за туристички цели. Ако успееме само еден процент да привлечеме во Македонија тоа ќе биде задоволитетлно, рече амбасадорот Керими на презентацијата збогатена со презентација на краток филм за убавините, културно-историските споменици и светите места за верски туризам на Иран и со мала изложба на традиционлани ирански ракотворби.

Тој смета дека за воспоставување на соработка потребна е иницијатива од тур-операторите од земјваа за соработка со ирански туристички агенции. Најдобар начин да се дојде до партнерство е со посета на големите туристички саеми во Техеран и во Исфахан.

Во однос на визите, амбасадорот Керими додава дека Амбасадата е подготвена да помогне со издавање визи за туристички посети во најкус рок, нагласувајќи дека аплицирањето може да се врши и по електронски пат од кое било место. Веќе разговарале и со нашето МНР за олеснување на издавањњето визи за групни туристички посети.

Македонските тур-оператори се согласуваат дека визите се најголем проблем за воспоставување на позначајна туристичка соработка, што е, велат, случај и со Кина и бараат олеснување на визниот режим.

Биљана Пејоска Ристеска од Стопанската комора за туризам на Македонија вели дека за иранските туристи постапката за издавање визи е сложена и мора да аплицираат во нашата амбасада во Турција.

Претседателот на Комората за туризам на Македонија Касам Шакири, истакна дека ова е прва средба од ваков вид со Иранската амбасада која се надева ќе помогне за подобро запознавање со туристичката понуда на оваа земја и остварување на соработка.

Иран годишно го посетуваат околу три милиони странски турсити, главно од Европа, САД, Канда.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ