Виртуелна туристичка прошетка низ најзначајните знаменитости на Велес

Од:

Во рамките на проектот „Македонија на дланка – Визуелен туристичко-едукативен водич“, Велес е првата општина во земјава која доби виртуелна туристичка прошетка низ 18 најзначајни туристички локации на градот.

Во прошетката најпрво е претставена панорама на градот од воздух, потоа зградата на Општина Велес, Спомен-костурницата од НОВ, Народниот музеј и Саат-кулата – симболот на градот.

Тука е и Споменикот на Илинденците – Коњаникот во центарот на градот, Споменикот на Кочо Рацин во центарот на градот и пред гимназијата која го носи неговото име. Потоа и неговата Спомен-куќа во стариот дел на Велес, каде што виртуелно се снимени и Спомен-куќата на Васил Главинов, Спомен-куќата на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Куќата на Касапови, попозната како „Куќата што лебди“.

Во виртуелниот водич е и зградата на Народниот театар, Младинскиот парк и црквите „Св.Кирил и Методиј“ и „Св.Пантелејмон“, Споменикот на Панко Брашнаров и езерото „Младост“.

Проектот е поддржан од Општина Велес, а сите заинтерсирани може да го најдат на веб-страницата www.macedoniafromabove.mk/veles.html

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ