Виртуелен туристички водич низ Северна Македонија

Од:

Туристичките можности на земјава од неодамна се достапни на веб страницата http://www.macedoniafromabove.mk/ каде преку виртуелниот туристички водич „Македонија на дланка“ потнцијалните туристи од целиот свет можат виртуелно да ја посетат нашата земја и реално да ја запознаат, а потоа и да посакаат да ја посетат физички.

Примарна цел на веб страницата е да овозможи виртуелна прошетка низ Северна Македонија и нејзините градови, села, туристички локации, хотели, ски центри и други локации.

Прошетката се одвива преку поврзани 360° интерактивни панорами направени од воздух и влегување во туристичките објекти со исти такви 360° панорами, направени од земја. Почетната сцена е над плоштадот во Скопје, од која, со клик на означените други локации се пристапува кон следната 360° панорама.

На секоја 360° панорама се поставени ознаки за објекти од туризмот, споменици, музеи, хотели и сите други објекти интересни за туристите, проследени со информативни текстови, слики, видеа, телефонски броеви, линкови кон други веб страни и слично.

За виртуелната прошетка може да се користат сите апарати кои имаат пристап до интернет – компјутери, таблети, телефони, Smart TV… како и со 3Д очила.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ