Видеолотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани

Од:

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Општина Кочани, наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани во справувањето со пожари и други елементарни непогоди.

Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен.

Донацијата ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на ТППЕ Кочани, овозможувајќи побрза реакција при интервенции, поголема безбедност за пожарникарите и поефикасен транспорт на луѓе и опрема до местата каде што е потребна помош.

Од Општина Кочани изразија искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката и донираните средства, нагласувајќи дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат значајна улога во унапредувањето на безбедноста и подготвеноста на службите кои секојдневно се грижат за заштита на граѓаните и нивниот имот.

Со оваа донација, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што придонесуваат за поголема безбедност, заштита на граѓаните и зачувување на животната средина.

 

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите