(ВИДЕО) Живковиќ: Со буџетот за 2020 за труд и социјална политика, 47.5 милијарди денари завршуваат назад кај граѓаните

Од:

„Предлог Буџетот за 2020 во делот на социјалната политика ги потврдува заложбите за градење на фер и праведно општество кое извлекува од сиромаштија.

Со предлог буџетот инвестираме во човечкиот капитал и обебзедуваме социјална сигурност за ранливите категории.

Концептот парите кај граѓаните продолжува со уште позасилена динамика“, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика.

„Потврда за тоа е Буџетот за 2020 година во труд и социјалната политика.

Од 48,6 милијарди денари колку што е вкупниот буџет, дури 47,5 милијарди денари завршуваат назад кај граѓаните.

10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери.

Од овие пари, 600 милиони денари се предвидени за исплата на детски додаток, за образовен додаток 672 милиони денари, а за социјална пензија 468 милиони денари. Со останатите средства ќе се исплаќа гарантираната минимална помош и други социјални трансфери.

За новата мерка субвенционирање на плати планирани се 2,4 милијарди денари, додека за исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за млади вработени во производство предвидени се 160 милиони денари.

За изградба, реконструкција и опремување на детските градинки предвидени се 105 милиони денари, или над 17 милиони денари повеќе.

Растат и средствата предвидени за Оперативниот план за активни мерки за вработување, за кој за 2020 година се планирани 1,3 милијарди денари.

Ова се само дел од мерките опфатени со Буџетот за 2020 година.

Како одговорна партија продолжуваме со мерките што извлекуваат од сиромаштија и обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Продолжуваме на прав пат, се грижиме за сите граѓани“, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати