(ВИДЕО) Заев од Охрид: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

Од:

„Денеска сме овде да прошетаме низ Чаршијата и да разговараме со раководителите на одредени сектори со граѓаните поради тоа развојот и растот на секој дел од нашата земја е важен. Гранката на туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и затоа растот којшто го овозможуваме во туризмот е нешто на кое се радуваме и веруваме дека ќе биде дополнителна иницијална каписла за уште поголем развој на туризмот во периодот кој е пред нас“, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации до Охрид, Скопје сето тоа го овозможуваа.

Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство