(ВИДЕО) Заев: „Дура Аутомотив Системс“ ќе отвори две нови фабрики во земјава

Од:

Водечката светска компанија во автомобилскиот сектор, американската „Дура Аутомотив Системс“ ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2 во кои планирав инвестиции од околу 80 милиони евра и 980 вработувања, соопшти денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

– Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании, нагласи Заев, додавајќи дека со ови инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.

Во првата фабрика, „Дура Аутомотив Стракшан“ ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе изнесува 48 милиони евра и ќе вработува 780 лица.

Втората фабрика, на „Дура Аутомотив Екстружанс“, ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили. Погонот ќе биде со површина од 10.000 квадратни метри и исто така треба да почне со производство во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе биде 20 милиони евра и ќе има 200 вработени.

Премиерот потенцира дека заедно со првата, во трите фабрики, ќе бидат вработени над 1.000 наши сограѓани, кои ќе станат дел од глобалниот систем на „Дура Аутомотив Системс“.

„Дура“ планирале двете нови фабрики да ги отворат во Чешка, но владиниот тим ги убедил да ја сменат првичната одлука.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека инвестицијата на „Дура“ ќе биде една од најдобрите во нашата држава и оти е особено важно дека е со високотехнолошки профил, односно од капитално интензивната област.

– Овие две фабрики е уште поважно што се од високо технолошкиот развој и свет на индустријата. Станува збор за фабрики коишто се капитално интензивни, а не трудоинтензивни. Точно такви какви што нас ни требаат за да нашите млади инженери и стручни луѓе и стручни кадри ги задржиме во државата, бидејќи тоа не можеме да го направиме со ниски плати. Тоа ќе го направиме со повисоки плати точно такви како што овие капитално интензивни инвестиции можат да им понудат на вработените, рече Анѓушев.

ДУРА е компанија која што има 1,4 милијарди долари промет на годишно ниво, од вкупно над осум милијарди коишто ги има во комплетното портфолио на истиот сопственик. Има 33 фабрики и 12 инженерски центри во 13 земји во светот и над 9.400 вработени Многу е важно дека ова е инвестиција од капитално интензивната сфера.

Би можело да ве интересира

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Бошков од Штип : Мора да се работи на подобрување на условите за работа на работниците

Предраг Петровиќ

На 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит

Саша Ристеска од АИТОНИКС: AI решенијата на Dell Technologies им гарантираат на бизнисите недостижна конкурентност

Предраг Петровиќ