ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ побара Анѓушев да поднесе оставка од морални причини

Од:

Вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев треба да си поднесе оставка од морални причини веднаш. Крајно време е тој да направи нешто позитивно за Македонија и за граѓаните на Република Македонија, рече денеска Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Одговорност за економското пропаѓање на државата мора да има. Не смее целиот товар за неспособноста на актуелната власт да го плаќаат граѓаните. Колку порано си замине Кочо Анѓушев, толку е помала цената која што ќе ја платат граѓаните. Македонија за жал е на дното во Европа по растот на БДП. Извештајот на заводот за статистика е поразителен за целата држава и покажува со какво темпо неспособната Влада на Зоран Заев ја влече државата кон економски колапс. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, БДП во првиот квартал од 2018 година, стагнирал, односно забележал раст од минимални 0,1%, жално. Тоа е истиот оној квартал за кој не лажеа Заев и Кочо Анѓушев дека влегле стотици милиони нови странски инвестиции и економијата цветала. Тоа е истиот оној квартал кога СДСМ ја задолжи целата држава и сите граѓани за нови 300 милиони нето долг, рече Арсовски.

Тој запраша ако на крајот од 2017 година причина за лошиот резултат на БДП беше политичката криза и немањето доволно време на новата влада да реализира проекти, што ќе биде причината сега.

– Република Македонија споредено со сите останати земји во регионот, за жал е убедливо на дното. Па така ако земеме пример растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст на БДП. Граѓаните живеат во беда, сиромаштија и во огромни долгови благодарение на неспособната Влада на СДСМ. Стопанството и приватните фирми имаат пад во нивното работење. Градежништвото не било никогаш полошо од сега. Над 7.000 текстилни работници се пред отказ. Голем број на фирми немаат земено плата со месеци благодарение на неспособноста на СДСМ. Земјоделието и земјоделците трпат ненадоместливи штети. ИТ секторот е во загрижувачка кондиција. Се е во хаос и во слободен пад надолу, вели Арсовски.

Тој додаде дека единствено што оваа влада работи е распродавањето на државните и националните интереси,грубото партизирање на државата и вработување на партиски војници, како и полнење на личните семејни сметки и џебови.

– Додека граѓаните се плашат како ќе преживеат утре, функционерите на СДСМ и нивните блиски бесрамно работат само за личниот интерес и за полнење на сопствените џебови. Ова лудило мора да престане. Криминалниот картел на Зоран Заев, кој се однесува како Влада во обид, мора да се разбие и да падне. Неспособни се, немаат визија и не знаат како! Така да доста е, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ