(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени 

Од:

Власта го клекна земјоделието на колена. Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени. Почнува новата сезона, а земјоделците не знаат што да прават со родот од претходната година, ова е катастрофа и пораз за власта, која ветуваше грижа за земјоделството во Република Македонија, обвини на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони за 60 дена, што е премногу извесно е дека илјадници тони ќе останат да скапуваат во магацините.

Годината која што помина  ќе остане запаментена како најлоша година за јаболкарите во ресенско, пласман  немаше, а револтирани јаболкарите сечеа овоштарници во најдобрите години и корнеа цели плантажи.

Заев и СДСМ од опозиција ветуваа сигурен откуп и достоинствени цени. Тврдеа дека државата е таа која треба да го организира откупот, и посочуваа примери од Европа, како тоа се прави, сега откако се на власт не само што нема подобар откуп, туку се е полошо.

Очекуваме итни мерки затоа што земјоделците имаат потреба од реална помош. Власта мора да го работи она за што е избрана“, изјави Трипуновски.

 

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ