(ВИДЕО) Трипуновски: Заев ветуваше отворање на пазарите и обезбеден пласман, а сега нема откуп

Од:

Власта е вистинска временска непогода за земјоделието. СДСМ ги понижи земјоделците. Откако СДСМ е на власт откуп немаше за доматите, бостанот, оризот, пченицата, а сега нема ни за сливите. 20.000 тони сливи скапуваат на нивите, а владата не презема ништо, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Првпат во историјата на државата откуп нема воопшто. Ова е резултат на неспособноста на Зоран Заев и криминалната клика околу него, кои наместо за граѓаните работат само за сопствениот интерес. Зоран Заев од опозиција пред не цели две години во текот на изборната кампања за парламентарните избори ветуваше отворање на пазарите и обезбеден пласман на земјоделското производство. Поминаа скоро две години, а резултатот од владеењето СДСМ на власт е разорнувачки. Не само што нема откуп и откупувачите не се тепаат кој повеќе да откупи, туку за првпат во историјата на Република Македонија откуп воопшто и да нема, рече Трипуновски.

Тој изјави дека Заев ги излажал земјоделците.

– Мерката која власта ја промовираше за субвенционирање на откупувачите не дава никакви резултати од терен. Власта мора најитно да интервенира и да го потпомогне откупот. Дополнително да интервенира за цената да биде 12 денари за килограм слива, што е најниска рентабилна цена. Не смее да се дозволи сливата целосно да пропадне, а земјоделците да немаат со што да ја преживеат годината. Недозволиво е власта да ја игнорира оваа ситуација. Додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со државата откуп секогаш имаше, цените беа рентабилни, a субвенциите навремени, само за споредба во последните 3 години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и покрај политичката нестабилност која што ја продуцираше СДСМ откуп и цените на сливата беа задоволителни. Имено во 2014 година владата во тоа време со поволните услови за бизнис овозможи извоз на свежа слива во висина од 5.500 тони, додека во 2015 година извозот изнесуваше 9.300 тони, а во 2016 година 6.800 тони слива, ова е количина која била извезена како свежа слива, дополнително секоја година дел од производството завршуваше и на домашните пазари за задоволување на сопствените потреби, рече Трипуновски.

Според него оваа година извоз односно откуп воопшто немало да има.

– СДСМ е директен виновник за тоа, земјоделците се оставени без егзистенција, и не знаат како ќе ја преживеат годината. Оваа безнадежност мора да запре. СДСМ мора да си замине од власт, заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад