(ВИДЕО) Трипуновски: Лозарите го фрлаат грозјето на буниште поради слабиот откуп и мизерните цени

Од:

„Состојбата со откупот на грозјето е алармантна. Бербата е во тек, а откупот нема или е по мизерни 6 – 7 денари по килограм. Ова е потврда за предадено грозје што го потврдува тоа.

Како дополнителен заменик министер во МЗШВ за време на техничката влада во месец февруари предупредив дека власта нема концепт како да го реши откупот на грозјето и аларамирав да се отпочне со изнаоѓање на решенија, но СДСМ не послуша. Предупредив дека ќе се соочиме со криза при откупот, зошто власта нема концепт“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително на 25 мај поднесов Барање до секторот вино во МЗШВ и до ДИЗ да ми дадат податоци согласно закон, колку залиха на вино има во државата, барање на кое не ми беше одговорено. Тоа е податок според кој понатаму се прави стратегија за откуп, но кој власта одби да ми го достави.

СДСМ немаше капацитет, а не прифати ниту помош. Ефектот денес е видлив – лозарите патат.

Наместо во винариите и пазарите грозјето завршува на буниште. Пред десетина дена Премиерот Заев ги убедуваше лозарите дека проблемот е решен и целиот род ќе биде откупен. Но да погледнеме една видео снимка од реалноста денес во Тиквешијата.

Ова почитувани граѓани е болната реалност која ја живеат лозарите. Цената по која им се откупува грозјето не е доволна ниту да ги покрие основните трошоци за производство, а дел од нив не можат да го продадат ниту по минимална цена па се принудени да го фрлаат на буниште.

Лозарите се во континуирана штета. 4 години како што СДСМ е на власт проблемот е се поголем. Македонија со СДСМ само тоне. Лозарите ги оставаат без егзистенција.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски