(ВИДЕО) Трипуновски: Егзистенцијата на производителите на слива е доведена во прашање

Од:

Додека СДСМ потпишува капитулантски договори, ги менува името на државата, нејзиниот идентитет и јазик, земјоделците во државата се соочуваат со загрозена егзистенција. Оваа година имаме рекордно производство на слива во Република Македонија, но поради неодговорноста на власта, ова е година кога сливите скапуваат на нивите, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, сезоната на откуп почна со 8 денари откупна цена на сината слива, цена која е нерентабилна и по која се откупија минимални количини, за сега воопшто да не се откупува. Половина од родот во Радовишко веќе е опаднат, а како што информираат земјоделците од терен, штетите се над 1.6 милиони евра.

„Егзистенцијата на производителите на слива е доведена во прашање, а власта предлага мерки што нема да го решат проблемот со откупот на сливата, исто како што не го решија проблемот со откупот на лубеницата и доматите. Мерката што ја предлага СДСМ за субвенционирање на откупувачите со 2 денари од килограм нема да придонесе за постигнување рентабилна цена и решавање на проблемот со откупот. Владата вели дека ќе субвенционира откупна цена што не е пониска од 5 денари за килограм. Почитувани, салонски политичари од власта, цена од 5 денари по килограм сина слива е потценување за земјоделецот и исмевање на неговиот труд. Со таа цена земјоделците не можат да ги покријат ни трошоците за производство, а камоли да заработат“, додава тој.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека цена под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна и не ја гарантира егзистенцијата на илјадници семејства производители.

„Ја повикуваме Владата во договор со откупувачите да обезбеди минимална откупна цена од 12 денари по килограм, и тоа во најбрз можен рок. Над 10 000 тони слива треба да бидат откупени, а земјоделците очекуваат фер цена што ќе ја обезбеди нивната егзистенција.Оваа мерка можеби не е во полза на Кочо Анѓушев и неговите фирми, па истата можеби не е приоритет на Владата, како мерката за ослободување од царински давачки на јонско-литиумските батерии за фирмите на Анѓушев, но оваа мерка ќе ја обезбеди егзистенцијата на илјадници семејства на кои единствен приход им е продажба на сливата што ја имаат произведено. Овој хаос не смее да продолжи. СДСМ докажа дека не знае да работи. СДСМ мора да си замине“, изјави Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад