(ВИДЕО) Трипуновски: Дали 300 000 евра завршија кај претседателот на Сојузот на тутунопроизводителите кој го поставија Заев и Николовски?

Од:

„Додека земјоделците солзи ронат за денар повеќе за родот свој, лица од власта ги крадат нивните пари.

СДСМ со доаѓањето на власт на чело на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители постави лице блиско до Зоран Заев и Љупчо Николовски за кое постои сомнение дека испумпало скоро 300 илјади евра, пари наменети исклучиво за работење и плаќање на поверeниците кои што треба да го следат текот и откупот на тутун во Република Македонија.

Целиот криминален случај започнува со назначувањето на Кире Неделковски за претседател на Сојузот, близок човек на Заев и Николовски. Неделковски се впушта во акција и во периодот додека е претседател на Сојузот испумпува повеќе од 17 милиони денари“, рече Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со овој криминал, Иницијативен одбор на Здружението на тутунопроизводители испраќа известување до Зоран Заев, Љупчо Николовски, Стопанската комора на Република Македонија и Централниот регистар поткрепено со официјална документација којшто го докажува криминалот којшто го правел пријателот на Заев и Николовски, Кире Неделковски, но реакција од власта половина година нема.

И покрај разрешувањето на Кире Неделковски илјадници тутунопрозиводители остануваат оштетени, а власта со прст не мрда, во насока на нивна помош и решавање на овој криминал.

Почитувани,

Зошто молчи власта? Зошто истрагата за овој случај се одолговлекува? Кој ќе ги обештети поверениците? Ова се прашања на коишто земјоделците очекуваат одговор.

Ова е уште еден доказ дека Зоран Заев и луѓето околу него не работат за Македонија и нејзин развој, туку позициите ги користат за лично богатење.

Го повикуваме ЈО во најбрз можен рок да го испита овој случај и да превземе конкретни мерки, како за санкционирање на криминалот, неговите нарачатели и покровители, така и на враќање на парите на сметка на Сојузот на тутунопрозиводители.

Секој еден кој на било кој начин ќе се обиде да ја забошоти истрагата треба да знае дека по враќање на правната држава санкции за секое кривично дело во Република Македонија ќе има“, изјави Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот