(ВИДЕО) Трајков: Рецесијата, надополнета со разнишаните девизни резерви може да го загрози денарот

Од:

Сашо Трајков од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека на Македонија ѝ се случува економско фијаско во режија на СДСМ и дека катастрофалните и штетни економски политики кои во изминатите 4 и пол месеци ги спроведувала владата на СДСМ ја турнале Македонија во рецесија.

– Македонија влезе во рецесија. Рецесијата значи минусно економско салдо и загуби во економијата. Во изминатите 4 месеци имаме пад на сите макроекономски показатели во Република Македонија. Неспособното раководство на СДС потфрли на секое поле во македонската економија и државата ја турна на работ пред банкрот. Една од главните причини за економскиот крах на економијата е преполовување на расходите за капитални инвестиции кое некадарното раководство на СДС го направи. Само за споредба, во првите 5 месеци во период кога функционираше техничка влада, во далеку полоша и посложена ситуација за капитални инвестиции на месечно ниво од буџетот се инвестираа околу 25 милиони евра, рече Трајков.

Тој додаде дека со доаѓање на СДСМ и Заев, во јуни, јули и август, трошењето на парите од буџетот на капитални инвестиции изнесувало скромни 14 милиони евра.

– Потенцираме, од 25 милиони евра месечно расходи за капитални инвестиции, владата СДС ги намали на 14 милиони евра и оваа е најголемата причина за економскиот пад во Република Македонија. Преполовените капитални инвестиции, директно влијаат на пад во градежништвото кое е претставува мотор и главен двигател на растот на бруто домашниот производ. Намалување на градежните активности, повлекува пад на уште 25 индустриски гранки, што значи дека македонската економија е во слободен вртоглав пад. Домашниот бизнис кризира. Тоа значи дека најголемиот негативен ефект ќе го почувствуваат малите и средни бизниси, рече Трајков.

Како што кажа тој, рецесијата, надополнета со разнишаните девизни резерви може да го загрози и денарот.

– Имаме и пад во градежништвото за огромни 25% за месец јуни но и падот во другите индустриски гранки, негативно ќе се одрази врз намалување на невработеноста, што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработувања, ќе имаме отпуштање на работници. СДС е неславен рекордер. За 5 месеци ја втурна во рецесија цела држава. На неодговорноста, на лагите и манипулациите, на лошите економски политики на СДС, граѓаните ќе им стават крај на 15-ти октомври. СДС на локалните избори жестоко ќе биде поразен, вели Трајков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата

Горан Наумовски

Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

А1он

Левица: Со криењето на договорот со Бехтел и Енка ДПМНЕ ги крие криминалите на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните

(ВИДЕО) Петрушевски: За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за пет отсто

Горан Наумовски