ВИДЕО: Струјата од утре поскапува за 3,5 отсто

Од:

Граѓаните од утре ќе плаќаат поскапа струја за 3,5 отсто соопшти денеска директорот на Регулатрорната комисија за енергетика Димитар Петров. Оваа одлука трае до 30.06. до година.

Поскапувањето доаѓа по барање на ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО, а според Петров во барањето за поскапување на електричната енергија предничела австриската фирма ЕВН.

Поскапувањето доаѓа откако фирмите задолжени за производство и дистрибуција на електрична енергија прикажале зголемени трошоци, а регулаторот одлучил дека 3,5 отсто поскапа струја за граѓаните е доволна за да се задоволат нивните апетити.

Од вкупното зголемување, 1,52 проценти би биле за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29 проценти за ЕВН Македонија.

Новата цена на струјата според РКЕ за еднотарифните домаќинства ќе изнесува 4,48 денари по киловат часови, а за двотарифните 5,59 со 2,8 денари.

„Сите компании имаа поднесено барања за поголеми зголемувања. Најнезадоволни вака отворено беа од ЕВН, па следува МЕПСО па ЕЛЕМ. Направивме и додатни калкулации и сметаме дека оваа наша предлог одлука ги зема во предвид сите ризици“, иајзави Димират Петров.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство