(ВИДЕО) Стојановски: Спомениците и делата на ВМРО-ДПМНЕ се видливи, додека споменици на СДСМ се згаснати погони и тешки судбини на стотици илјади граѓани

Од:

Боби Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека поранешната фабрика „Годел“ е едно од повеќето места каде што СДСМ и, како што кажа, криминалната тајфа блиска до власта во тоа време извршила масакр врз македонската економија.

– Спомениците и делата на ВМРО-ДПМНЕ се видливи и носат бенефит за граѓаните, додека спомениците на СДС се згаснати погони и тешки судбини на стотици илјади граѓани кои останаа без работа додека СДС беше на власт. „Годел“ беше затворен поради неодговорните политики на СДС. Со затворањето на „Годел“ згаснаа 1.900 работни места. Да почитувани граѓани, 1.900 семејства останаа без работа поради неодговорните политики на СДС. Со згаснувањето на светлата во погоните на „Годел“ згаснаа и надежите 1.900 семејства, и истите беа донесени на работ на егзистенцијата. Просториите позади нас сведочат за едно матно време, во кое беа затворени 684 фабрики, време во кое над 200.000 луѓе ги загубија своите работни места, изјави Стојановски.

Според него, неодоговорните политики на СДС во минатото, само во Скопје затворија илјадници работни места.

– Тешка и мачна судбина поради неодговорноста на СДС имаа и над 7.000 вработени од МЗТ, 1.450 од „Славија“, 1.000 од „Газела“ и 750 од „Треска-Мебел“, кои сите до еден останаа без своите работни места. Политиките на СДС во минатото донесоа 38% невработеност и огромна стапка на сиромаштија. Стапката која со позитивните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ беше сведена на 22.9%. Граѓаните гледаат дека политиките на СДС не се сменети. Како и во минатото така и сега, владеењето на СДС значи смрт за македонската економија, зголемување на невработеноста и пад на производството, смета Стојановски.

Тој рече дека владеењето на СДСМ носи сиромаштија за граѓаните и дека само за 4 месеци владеење бил забележан пад на БДП за 1.8%, за 1.6% е падната активноста на банките, а државата со задолжување и од државните резерви стопи 500 милиони евра без некој да знае на што се потрошени.

– Ова се спомениците на СДС. Споменици на едно време кое никој од нас не сака да се повтори. Политиките на СДС не носат назад кон ова време. Граѓаните го гледаат тоа и затоа ќе ги казнат СДС за нивните неодговорни политики кон економијата на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески