(ВИДЕО) Стоилковски: Пари за ресенските овоштари нема, ама има за обезбедувањетo на Заев при неговите лудории во странство

Од:

„СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија. Во најлошата сезона за земјоделството – владеењето на картелот на Заеви, наместо на помош и вртење кон земјоделците – власта си замина на одмор. И премиерот и министерот, поважни им се фотографии од странство – кој на мотор кој со старлети, од проблемите на земјоделците.

Пари за ресенските овоштари нема, ама има за обезбедувањетo на Заев при неговите лудории во странство. Се сечат јаболкниците, а килограм јаболка чини половина денар! Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец чиј што труд не остана на отпад! Ама на Заев поважно му е да вози мотори по соседните држави“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо поразлично не е однесување кон земјоделците ниту од ресорниот министер, Љупчо Николовски. Наместо да ги решава проблемите на пример на оризопроизводителите од кочанско, да го решава проблемот со водоснабдувањето на оризовите полиња, тој ја исполнува задачата – да ја анимира, да ја шета кумашинката на Заев. Па така, наместо да се фотографира со оризопроизводителите, кои што ги излажа и им ветуваше дека цената за откуп на арпата ќе биде 25 денари, а белиот ориз 60 денари сега наместо да е со нив, тој низ Европа шета и се фотографира со струмички старлети!

Николовски се слика со старлети, Заев се вози со мотори по планини, а оризопроизводителите немаат вода за да ја почнат навремена својата сеидба.

Тоа е односот на владата кон производителите на храна. Владата не направи ништо, за барем оваа година да им помогне на земјоделците, наместо за подобрување на откупот и поголеми откупни цени, премиерот и министерот се посветени на шетање.

Земјоделието нема да мрдне ниту милиметар, а земјоделците ќе се соочуваат со истите проблеми, се додека оваа ненародна влада на чело со Зоран Заев и на чело со Љупчо Николовски со секторот земјоделство е на власт“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски