(ВИДЕО) Стечајци: Груевски ќе не гледа почесто и на улица за да не мисли дека сите сме умреле

Од:

Стечајците и работниците прогласени за технолошки вишок бараат Владата конечно да има свест и разум и по неколку години голгота да го прифати нивното барање за месечен надомест од 6.000 денари за стечајците и технолошкиот вишок што имаат наполнето 15 години работен стаж и старост од 50 години за жени и 53 години за мажи .

Претседателката на Координативното тело на стечајци, Лиљана Георгиевска се пожали дека и покрај нивната упорност, премиерот неколку години не сака да ги прими.

Бедниот живот и нервозите си го зедоа својот данок, и многумина не дочекаа власта да им ја ублажи бедата.

„Во Куманово, за еден месец умираат по 12 стечајци. Четириесет и седум отсто од луѓето се веќе починати од срцеви или мозочни удари. Луѓето се угнетени, гладни, болни, со висок притисок. Но, ова е само најава и ние сме упорни во нашите барања. Груевски ќе не гледа почесто и на улица за да не мисли дека сите сме умреле. Нека не го разјадуваат гладниот народ“, изјави Георгиевска.

Предлог законот за стечајци петти пат треба да се најде пред пратениците.

Стечајните работници најавија дека доколку нивните барања не бидат прифатени, ќе преземат порадикални мерки, а не ја исклучуваат и можноста својот револт да го искажат преку граѓански немири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска