„Црниот петок“, ден по Празникот на благодарноста, е денот кога во САД сите продавници овозможуваат огрмони попусти за сите производи.
Најголема гужва вообичаено се создава во продавниците за техничка стока, каде има попусти од 70, 80 па и повеќе отсто. Илјадници луѓе чекаат во ред уште од ноќните часови да отворат продавниците, а кога ќе отворат настануваат стампеда во кои нестрпливите потрошувачи меѓусебно се газат, а чести се и тепачките.
И скопските продавници од пред неколку години почнаа да прават попусти на 27 ноември – „црниот петок“. Но и гужвите, како попустите – многу поскромни отколку во светот. Во продавниците за технича стока попустите се движат меѓу 20 и 30 отсто, а само во некои продавници за облека или чевли се нудат попусти до 50 отсто.
А.Б.