(ВИДЕО) Шахпаска: Вкупно 12.000 стечајци ќе добиваат по 8.200 денари месечно до нивното пензионирање

Од:

„Како одговорна партија посветено ги реализиараме ветувањата од Програмата кои го подобруваат животот на граѓаните.

Вчера Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, во јавноста познат како Закон за стечајци.

Со Предлог – законот, се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивно пензионирање.

Досега со овој закон обесштетени се 11.000 стечајни работници кои добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивно пензионирање“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Со новите измени, вкупниот број на опфатени стечајни работници ќе биде 12.000.

Преку оваа мерка исправаме долгогодишна неправда нанесена кон наши сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања. Заложбите на СДСМ за решавање на децениските проблеми и обезбедување фер и праведно општество се реализираат. Се грижиме за граѓаните.

Низ конкретни мерки градиме фер и праведно општество што дава шанса на сите, преку активни политики обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот за сите“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение