(ВИДЕО) Шахпаска: Со буџетот за 2019 обезбедуваме зголемена социјална помош и образовен и детски додаток за над 60 000 деца

Од:

„Градиме фер и социјално праведно општество на еднакви граѓани. Со реформите на системот на социјална заштита и мерките во Буџетот за 2019 обезбедуваме сериозно зголемување на расположливиот доход во семејствата, социјална праведност и подобар живот за сите граѓани.

Воведуваме загарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица.

Примателите на социјална помош добиваат зголемен приход и до 300 отсто“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Новиот систем на социјална и детска заштита има за цел најголема помош да им се пружи на најранливите категории сограѓани.

Неговото спроведување ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија.

Паралелно со ова, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории граѓани на пазарот на труд.

Воведувањето и спроведувањето на реформираниот систем на социјална и детска заштита во наредната година година значи обезбедување на дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ, пари кои ќе се вратат назад, кај граѓаните.

Ова, почитувани, се само дел од мерките во полето на социјалната заштита кои имаат за цел да ја унапредат социјалната праведност, но и трајно да извлекуваат од сиромаштија.

Предлог Буџетот за 2019 наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Повикуваме на конструктивна дебата за натамошни подобрувања во интерес на граѓаните.

Продолжуваме посветено да работиме на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост