(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Македонија е на работ на рецесија

Од:

Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ со лошата и неуспешна економска политика ја донесе државата на работ на рецесија и според официјалните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика, македонската економија тоне.

– Вчера беше објавен уште еден лош и негативен макроекономски показател. Уште еден пад трет последователен на извозот. Извозот во август споредено со јули 2017 година бележи пад од цели 8,2%. А претходниот месец извозот падна за 12,1 проценти. Бројките потврдуваат дека економијата стагнира, фирмите се помалку извезуваат, а со тоа директно се намалува девизниот прилив во стопанството. Помалиот девизен прилив резултира со помал обрт на средства, додека пак тоа ќе ја намали и кредитната способност на банките кон физичките лица, но и кон приватните компании. Економијата е влезена во циклус на стагнација, рече Рамчиловиќ.

Тој додаде дека индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи намалување од 5,3 отсто, а гледано по сектори индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август 2017. во споредба со август 2016. година, бележи опаѓање за 6,1 отсто, додека во секторот преработувачка индустрија има пад за дури 8 отсто.

– Сериозен пад има во секторот на градежништвото од дури 19.9% за издадени одобренија за градба во јули во однос на истиот месец од претходната година. Додека секаде во Европа расте бруто домашниот производ, кај нас бележи вртоглав пад од -1,8%. И сето тоа благодарение на неспособноста на владата на СДС. Просечната плата, наместо да расте како што беше ветено, опаѓа. Со последното задолжувања, владата за четири месеци ја задолжи државата за вкупно 320 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи дополнителни 177 милиони евра. Тоа е пола милијарда евра за само 4 месеци. Да почитувани граѓани, пола милијарда евра наши пари за само 4 месеци потрошени од СДС, без да знаеме на што, вели Рамчиловиќ.

Тој рече дека политиката на СДСМ ја придвижува и инфлацијата, па според НБРМ, податоците за инфлација за август укажуваат на одредено забрзување на годишната стапка на инфлација за 1,9 отсто, при што просечниот годишен раст на цените во првите осум месеци изнесува 1 отсто.

– Вакви шокови домашната економија не претепе ниту во услови на светска финансиска криза. Овие падови во економијата се сериозни и истите наговестуваат големи проблеми за Македонија, граѓаните и бизнис секторот до крајот на годината. Македонија осиромашува, Македонија со ова темпо влегува во ресеција, рече Рамчиловиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески