ВИДЕО: Со проект на ИПА ќе се подобрува конкурентноста на домашните компании за соработка со странските инвестиции

Од:

Унапредување на соработката на домашните компании и странските директни инвестиции преку подигање на нивото на компетитивност на домашните компании за да стигнат на соодветно ниво и да можат да бидат локални добавувачи на странските компании е целта на Проектот за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претријатија што денеска беше промовирн во Скопје.

Двегодишниот проект, финасирана преку ИПА фондот, ќе го спроведуваат Машинскиот факултет од Скопје, Советот на странски инвеститори, Стопанската комора на Македонија, Виенскиот институт за технолиги со поддршка на Владата.

– Близината на странските директни инвестиции и нашата навидум ниска цена на работната сила не се доволни фактори за да се случи соработката со странските директни инвеститори сама по себе. Овој проект ќе се обиде преку соодветни нови производствени филозофии и методи да придонесе за унапредување на фиункционирањето на компаниите. Идејата е да се влезе во директните реални процеси и да се работи на унапредување на продуктивноста и квалитетот и на тој начин да се обезбеди поголема соработка со странските компании, рече Роберт Миновски, професор на Машински факултет и проект лидер.

Нагласи дека отсуството на соработка се должи на квалитетот, несоодветната технологија и цената.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека соработката помеѓу странските компании кои работат во технолошко индустриските развојни зони и домашните добавувачи е на многу ниско ниво и оти најголемиот дел од странските компании издвојуваат само еден отсто од вкупните трошоци за набавки на стоки и услуги од македонски добавувачи.

– Тоа, според анализите се должи на фактот што најголемиот дел од овие компании се во средината во ланецот на производството и нивните продукти се наменети за големи, мултинационални компании, па одлуките за локални добавувачи не можат да ги носат брзо и самостојно и мора да го консултираат крајниот корисник. Воедно се поставува и прашање колку македонските компании се подготвени да прават промени во својата организациска структура и технолошки да ги развиваат производните процеси за да ги задоволат стандардите и барањата на странските компании, рече Анѓушев.

Нагласи дека преку мерките од Планот за економски раст, Владата ќе ја стимулира соработката помеѓу домашните и странските компании.

– Странските компании ќе добиваат поврат од еден отсто од вкупните средства за направени набавки, доколку 15 отсто од набавките се направени од домашни производители, рече Анѓушев и ги повика домашните компании да ја препознаат можноста за инвестиции што ги нудат мерките кои ги усвои Владата.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер им прача на домашните компании да не очекуваат бизнисот сам да им дојде ако седат во канцеларија.

– Ако сакате да водите бизнис мора да излезете од канцеларија, да разговарате и да стапите во контакт со потенцијалите купувачи и да ја претставите својата компанија и производи. Нема скратен пат за влегување во ланецот за набавки на странските директни инвестиции, освен со тешка работа, посочи Штефан.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија