ВИДЕО: Потпишани првите договори со центрите за развој на планските региони

Од:

Подобрување на руралната инфраструктура преку изградба и реконструкција на патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност за полесен пристап до нивите, побрз и поефикасен транспорт без оштетување на производите, ќе овозможи финансиската поддршка за планските региони што од денеска и официјално може да се користи.

Првите договори од вториот повик се потпишаа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со четири центри за развој на плански региони, Североисточен, Вардарски, Источен и Југоисточен, за вкупно девет инфраструктурни проекти за кои поддршката е 5,2 милиона денари. Договорите ги официјализираа министерот Трајан Димковски и претставниците на центрите.

Поддршката ќе се реализира преку Програмата за капитални субвенции, а во следниот период ќе се потпишат и останатите договори.

-Преку оваа Програма беше доделена финансиска поддршка за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Со помош на овие средства, центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Финансиската поддршка ќе се искористи за израмнување, проширување и тампонирање на пристапните патишта до земјоделските површини, изјави министерот Димковски.

Тој потенцираше дека во овие тешки времиња кога нашата држава се наоѓа пред сериозен предизвик – справување со КОВИД-19, важно е да се создадат услови за непречено производство.

-Продолжува реализацијата на капиталните инвестиции во земјоделството и во оваа вонредна состојба, напомена министерот.

Претставниците на центрите истакнаа дека поддршката им е добредојдена за да ги подобрат пристапните патишта до нивите.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп