(ВИДЕО) Пенков: Бербата е прикрај, грозјето скапува неоткупено

Од:

„Сезоната за берба на грозјето оди кон својот крај, а грозјето стои неоткупено на лозјата – скапува!

Лошата цена од 6-7 денари по килограм, но и немањето откуп воопшто е причина на вистинска катастрофа во Тиквешијата.

Нема загарантиран откуп, нема високи откупни цени. Лозарите тонат. Понудените цени за сите сорти грозје се катастрофално ниски и не можат да ги покријат направените трошоци за производство.

Трошоците за производство оваа година многукратно се зголемија, посебно во делот зa заштитата на виновата лоза. Тоа значи дека лозарите оваа година работат со огромна загуба“, рече Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо богат, моќен и независен земјоделец, нашите лозари се повеќе стануваат сиромашни и зависни. Се повеќе лозари носат одлука да го напуштат лозарството, затоа што не можат да обезбедат егзистенција за себе и своите семејства.

Постои сериозна опасност, милиони килограми од овогодинешниот род на грозје да не се откупи. Тоа е штета која никој нема да им ја надомести на лозарите, тоа се помалку пари за нив и за нивната егзистенција, но и за враќање на долговите кон земјоделските аптеки.

Ова ќе ги остави лозарите со празни џебови и долгови.

Власта не седна на заедничка маса со лозарите, винарите, и дистрибутерите, за да разговара за надминување на состојбите, кога посочивме. Власта воопшто и не комуницираше со нив. Резултатот од таа самобендисаност на СДСМ ја гледаме секој ден.
И затоа денес, агонијата на лозарите продолжува. Лозарите секојдневно бараат пласман за произведените килограми грозје.

Веројатно требаше изборите да поминат, па да се разоткрие дека ветувањата кон лозарите се само груба манипулација кон нив!
Селективните политики во земјоделството, односно лозарството, доживеаја комплетно фијаско!

Сега е време за берба на грозјето, а не за преговори и договори кои повторно се сведуваат на лажни ветувања.

После сево ова, чесно е сите оние кои ги злоупотребија и ги лажеа лозарите да се извинат и да понесат морална и политичка одговорност за тоа.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, изјави Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот