41 работник од Дрекселмаер Србија, се отпуштени од работа како технолошки вишок. Ова е поради недоволната ефикасност на одделот на фирмата „Фиат“.Работниците се огорчени од индиферентноста на Синдикатот. Голем број од овие лица, работејќи во оваа фирма станаа инвалиди. Од Дрекселмаер се уште нема никаков коментар.
Според внатрешни информации до јуни следната година, треба да бидат отпуштени уште 700.
Марија Ѓуровиќ вели дека државата е виновна, затоа што донела закон кој дозволува работодавачите да прават што сакаат со вработените.
„Додека бев здрава им бев добра, а сега кога не можам да работам, добив отказ“, вели Ѓуровиќ.
Прашуваат ако се вишок, зошто примаат нови работници.
„Не вработија здрави, не отпуштаат како инвалиди“, велат огорчените отпуштени работници.